Friday, May 2, 2014

10 РАБОТИ КОИ СЕКОЕ ДЕТЕ СО АУТИЗАМ САКА ДА ГИ ЗНАЕТЕ

Барајќи материјали за аутизам на интернет, сосема случајно наидов на еден текст кој ме воодушеви. Текст во кој е претставено како изгледа светот гледано од очите на дете со аутизам. Си земав за слобода да го преведам и споделам,бидејќи работам со ученик кој има аутизам. Прочитаното во текстот ми укажа на многу работи кои не сум ги знаел, а и на работи кои токму од ученикот сум ги научил. Верувам дека секој кој ќе одвои време да го прочита , нема да остане рамнодушен!!! 
Подвлечените делови во текстот се делови на кои би сакал да посветите повеќе внимание!!


10 РАБОТИ КОИ СЕКОЕ ДЕТЕ СО АУТИЗАМ САКА ДА ГИ ЗНАЕТЕ

1.Јас сум дете со аутизам. Јас не сум „аутистичен“. Мојот аутизам е само еден аспект од мојот карактер. Тој не ме дефинира како личност. Дали вие сте личност со мисли, чувства и многубројни таленти или сте дебели(имате прекумерна тежина), кратковиди (носете наочари) или неспретни (некои спортови баш не ви одат од рака)?



2. Моето сетило за забележување (сензорната перцепција) е нарушено. Тоа значи дека вообичаените слики, звуци, мириси и вкусови кои вие можеби воопшто не ги забележувате во секојдневниот живот, за мене можат да бидат многу болно искуство. Дури и опкружувањето во кое морам да живеам на мене често ми изгледа непријателски. На вас можам да ви изгледам како повлечена или можеби дури и агресивна личност, но се што се трудам да направам е да се заштитам самиот себе. Често и „едноставен“ излет до продавница може да биде претерано надразнет. Десетици луѓе зборуваат одеднаш. Од гласниот звучник се слуша денешната „акција“, насекаде од телевизорите гласно викаат разни програми, благајничките каси тропаат, машината за сечење месо пишти, бебињата плачат, флуоросцентното осветлување зуи. Мојот мозок не може да го филтрира сето она што му се наметнува одеднаш и јас сум потполно блокиран. Моето сетило за мирис исто така може да биде многу осетливо. Рибата која се нуди и не е баш свежа, човекот кој стои до нас денес очигледно не се истуширал, се дегустираат многу примероци на разни колбаси, бебето во редот пред нас има полна пелена, подот е чистен со некое јако средство за дезинфекција. А мене ми е потполно мачно, бидејќи јас не можам да сортирам толкаво количество на информации.

Воглавно сум визуелно ориентирана личност, па видот би било првото сетило кое станува оптоварено со разни дразби. Флуоросцентното осветлување премногу свети. Ми изгледа како соба која пулсира и затоа ме болат очите. Понекогаш таа пулсирачка светлина се одбива од се наоколу и го искривува сето она што го гледам.
Просторот изгледа како постојано да се менува.Тука е одблесокот од прозорците, вртењето на вентилаторите на таванот, толку тела во постојано движење, премногу работи има за да можам да се концентрирам – и тоа можеби ќе го надоместам со несвесното губење на периферниот вид ( т.н.tunnel vision – „гледање низ цевка“). Сето тоа влијае на моето вестибуларно сетило за рамнотежа поради што ми е тешко да разберам каде се наоѓа моето сопствено тело внатре во некој простор. Поради тоа може да се сопнам, да налетам на работи или едноставно ќе легнам и ќе се обидам се да прегрупирам.


3. Ве молам запамтете да разликувате помеѓу „не сакам“ и „не можам“ ( не сум во можност тоа да го направам).Рецептивниот и експресивниот јазик мене ми се подеднакво тешки за да ги разберам.
Не дека не ги слушам упатствата – јас едноставно не ги разбирам.Кога ме викате од другиот крај на просторијата , еве што јас слушам: „*&#%$ Иване,#$%^*&^%$&*!".Наместо тоа, обраќајте ми се директно со едноставни зборови „ Те молам стави ја книгата во фиоката Иване!Време е за ручек!“ Тоа јасно ми кажува што сакате да направам и што ќе се случи следно. Полесно ми е да соработувам на овој начин.



4.Јас размислувам многу конкретно. Исто така буквално го интерпретирам јазикот. Затоа многу е збунувачки кога ќе слушнам фрази како „ Полека малку, не бркаш зајак!“, кога тоа всушност значи „Те молам престани да трчаш“. Не кажувајте ми дека нешто е „Просто како грав“, кога јас не знам што е тука просто, а не пак грав, а она што всушност сакате навистина да ми кажете е „Ова е едноставно да се направи!“ Фрази, игри со зборови, досетки, нијанси во изговорот и сарказмот се нешто што јас не го разбирам и ве молам да не ги употребувате во разговор. 




5. Бидете трпеливи со мојот ограничен речник. Мене ми е тешко да искажам што всушност ми треба/сакам кога не знам да го изразам со зборови она што го чувствувам. Можам да бидам гладен, фрустриран, исплашен или збунет, но тие зборови се надвор од мојата можност на изразување. Внимавајте на мојот говор на телото, повлекувањето, вознемиреност или други знаци кои упатуваат дека нешто не е во ред.
Постои и друга страна на паричката: можеби повремено ќе звучам како некој мал генијалец или детска ѕвезда додека редам зборови или цели фрази кои се надвор од мојот досег на разбирање и развојната возраст. Тоа се пораки, зборови и фрази од секојдневниот живот кои сум ги запаметил како би компензирал во недостатокот на сопствениот речник, бидејќи знам дека очекувате одговор кога ми се обраќате. Тоа е стереотипно повторување на зборови или фрази од книги, телевизија или најчесто говорот на другите луѓе и се нарекува ехолалија. Не е потребно да го разбирам контекстот или терминологијата која ја употребувам, но служи на потребата, бидејќи претставува каков – таков одговор на поставеното прашање.  


6. Бидејќи изразувањето и јазикот не ми одат многу добро, подобро ми оди визуелното учење. Затоа почесто покажете ми како нешто треба да направам, отколку да се обидувате со зборови да ми објаснете. И бидете спремни тоа повеќе пати да ми го покажете. Упорното и трпеливото покажување ми помага да научам.Визуелниот распоред ми е многу корисно помагало бидејќи знам што ме чека во текот на денот, ми овозможува полесен премин помеѓу активностите, ми помага да управувам со времето и да ги исполнам вашите очекувања. Еве една добра веб страна со повеќе информации за визуелниот распоред: http://www.cesa7.k12.wi.us/newweb/conte ... autism.asp 



7.Фокусирајте се и насочете ја енергијата на она што можам и знам да го направам, отколку на она што не можам или не знам да го направам. Како и останатите деца, тешко ми е да учам во опкружување кое постојано ме потсетува на моите недостатоци. Трудејќи се да научам нешто ново кога континуирано ме соочуваат со критики, без оглед на тоа колку да е конструктивно, ме тера да се откажам или да избегнувам уште пред да почнам. Побарајте ги моите посилни страни, она во што сум добар. Постојат повеќе начини како нешто да се направи правилно. 




8. Помогнете ми во социјалната интеракција. Можеби изгледа како да не сакам да си играм со останатите деца во паркот, но најчесто само не знам како да го започнам разговорот или дружењето.Ако можете, поттикнете ги другите деца да ме повикаат да си играм на пр. Со топка, додавање или слично, бидејќи веројатно ќе ми биде многу драго да се вклучам во играта. 



9.Обидете се да ги утврдите кои се моите прекинувачи на моите емоционални испади , односно што им претходело и ги предизвикало. Тие тантруми, испади, епизоди , како сакате наречете ги, колку страшни вам да ви изгледаат, за мене се уште пострашна случка. Се случуваат кога една од дразбите е оптоварена. Ако го најдете прекинувачот – можат да се спречат. 


10. Ако сте член на семејството , ве молам САКАЈТЕ МЕ БЕЗУСЛОВНО. Исклучете ги мислите како : "Кога тој би можел ..." и "Зошто тој не може ...?" Ниту вие не секогаш сте ги исполнувале сите очекувања на вашите родители и сигурно не сакате некој постојано да ве потсетува на тоа. Јас не одбрав да имам аутизам.Запаметете дека аутизмот ми се случува на мене, не на вас. Без вашата поддршка моите шанси за успешно самостојно растење се многу тенки. Со вашата поддршка и насоки, можностите се многу поголеми од што мислите. Верувајте – јас сум вреден за тоа. 



Се се сведува на три зборови: Трпение.Трпение.Трпение.

Потрудете се на мојот аутизам да гледате како на различен талент отколку како на некаков недостаток. Гледајте на она што вие го гледате како мои ограничувања и потрудете се да ги гледате како посебен дар на аутизмот. Можеби нема да бидам добар во воспоставување контакт со очите или разговорот, но дали забележавте дека : јас не лажам, не изневерувам во игрите , не ги закачам моите пријатели и не им судам на другите луѓе!

Ти си мојот темел.

Размисли за некои социјални правила. Доколку тие за мене немаат никаков смисол, не им обрнувај внимание. Биди мој адвокат и пријател, заедно ќе видиме колку далеку можеме да стигнеме.
Во ред, јас веројатно нема да бидам следниот Мајкл Џордан, но со моите способности за фини детали, добро насочени исклучителни можности, можеби можам да бидам следниот Ајнштајн. Или Моцарт. Или Ван Гог.

И ТИЕ ИМАА АУТИЗАМ.





Thursday, May 1, 2014

УЧЕНИЦИ СО АСПЕРГЕРОВ СИНДРОМ




Аспергеровиот синдром содржи некои карактеристики на аутизмот. Овој синдром исто така содржи специфични обележја и различна развојна прогресија и прогноза.
Во Британска Колумбија, одобрувањето на додатни средства за учениците со медицинска дијагноза со аспергеров синдром се темелат на природата и степенот на потребните образовни интервенции. Тие ученици можат да се пријавуваат на Министерството во категории на висока распространетост како што се : „умерени нарушувања во однесувањето“, „сериозни потешкотии во учењето“, односно во некои случаи во категорија на „сериозно нарушување на однесувањето“ или во категорија на ниска распространетост.

Детето кое има дијагноза на Аспергеров синдром (АС) мора да ги задоволува критериумите кои се однесуваат на потешкотиите во социјалното функционирање, повторувачки активности и возраста во кое нарушувањето настапило, но кое располага со нормално сознавачко функционирање и раниот развој на говорот. Аспергеровиот синдром вклучува помалку симптоми отколку аутизмот, па со оглед на умерените потешкотии се смета за благо нарушување, додека аутизмот обично се прифаќа како сериозна потешкотија.


КАРАКТЕРИСТИКИ НА УЧЕЊЕ И ОДНЕСУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ СО АСПЕРГЕРОВ СИНДРОМ


Квалитатативните потешкотии на социјалната интеракција се карактеристиките на Аспергеровиот синдром. Лицата со АС можат да стапат во меѓусебни односи, но бидејќи не располагаат со потребните вештини, на други луѓе можат да им приоѓаат на невообичаени начини. Овие лица често не ги разбираат друштвените обичаи, па со самото тоа оставаат впечаток на друштвено неспретни лица. Имаат потешкотии со емпатијата и погрешното толкување на социјалните улоги. Со оглед на разбирањето, фактите како другите луѓе ги гледаат своите сопствени перцепции, мисли и чувства, нивните потешкотии често се исти како потешкотиите кај лицата со аутизам. Лицата со АС исто така се неуспешни во прилагодувањето на социјалното учење, па затоа е потребно експлицитно подучување на социјални вештини.
Говорот кај децата со АС е вообичаено течен во периодот на посета на детската градинка, но нивните проблеми најчесто се поврзани со сложеноста на јазикот, вклучувајќи :
  •   Прагматизам ( користење на јазикот во социјални контексти)
  •   Семантика (повеќекратни значења)
  •    Прозодија ( стил, нагласок и ритам на говорот)

Една од најчестите карактеристики на лицата со АС е потешкотија во учество во социјалните разговори.Бидејќи често располагаат со богат речник, способни се непрекинато да разговараат на омилена тема.Темата до некаде може да биде точно одредена, па лицето може да има потешкотии со промената на истата.
Лицата со АС можат да имаат проблеми во комуникацијата со други луѓе затоа што правилата за конверзација не ги учат на природен начин. Тие можат:
  •    Да го прекинуваат говорот на другите луѓе или да расправаат за нивниот говор
  •    Да наведуваат неважни коментари
  •    Имаат потешкотии со започнување и завршување на разговорот
  •     Се служат со говор кој го карактеризира недостаток на промена во начинот на изразување, нагласокот и ритамот
  •      Да употребуваат претерано педантен и формален говор, посебно во периодот на адолесценција
  •      Стојат премногу близу до соговорникот
  •     Да зјапаат, да се служат со необични положби на телото, или да користат друг необичен говор на телото
  •      Недоволно да ги толкуваат гестовите и изразите на лицето кај други луѓе



Учениците со АС се со просечна или надпросечна интелегенција па можат да остават впечаток на целосно способни лица. Повеќето ученици со АС се релативно стручни со оглед на нивното познавање на фактите, а можат да располагаат и со сеопфатни фактички информации од подрачјето кое ги привлекува. Сепак, покажуваат релативна слабост во разбирањето  и апстрактното мислење и во социјалното сознавање. Поради тоа доживуваат одредени образовни потешкотии посебно при:
    -         Разбирање на прочитаното
    -         Решавање на проблеми
    -         Вештини за организирање
    -         Развивање на концепт
Освен наведеното, често имаат потешкотии поврзано со когнитивната флексибилност, односно, нивното мислење го следи крутост или неуспех – без оглед на прилагодувањето на промената. Не се спремни да учат од своите грешки.
Учениците со АС често имаат проблеми и со координацијата. Се проценува дека 50 – 90 % од лицата со АС имаат проблеми со моторичката координација. Погодените подрачја можат да опфатат флексибилност, рамнотежа, спретност на рацете, ракопис, непредвидени движења, ритмичност на движењата и повторување на движењата.
Учениците со АС можат да делат заеднички карактеристики со лицата со аутизам во рамките на реакции на сензорни дразби.Можат да бидат хиперсензитивни на некои дразби , а со самото тоа да се впуштат во невообичаени облици на однесување или повторувачко однесување за да постигнат одредено сензорно дразнење.
Материјалот е преведен од Хрватскиот прирачник " Подучување на ученик со аутизам“ од Агенцијата за воспитување и образование - Хрватска, а фотографиите се превземени од интернет.


Tuesday, February 4, 2014

ПЛАНИРАЊЕ ПОМОШ ЗА УЧЕНИЦИ СО АУТИЗАМ


Изработка на индивидуален образовен и воспитен план

Планирањето на воспитно – образовната работа за ученици со аутизам е сложено, бидејќи тие ученици во голема мера се разликуваат од останатите ученици по начинот на учење, комуницирање и развојот на социјалните вештини, како и по нивното често проблематично однесување. Постојат големи разлики во начинот на влијание на тие карактеристики на поединечна личност.
Потребно е програмите да бидат индивидуализирани и втемелени на единствените потреби и способности на секој поединечен ученик. За планирањето исклучително важно е да се препознае на кој начин аутизмот влијае на способностите за процесирање на информациите и комуникацијата кај ученикот.
Воспитно – образовната програма за работа на ученикот може да вклучува и комбинација на воспитно – образовни активности на редовниот план и програма кои се темелат на специфични цели и задачи за секој одреден поединец , а кои се наведени во индивидуалниот образовен план ( ИОП).
Индивидуалниот образовен план (ИОП) се изработува во соработка на членовите на тимот кои се директно вклучени во работата со ученикот како што се одделенскиот наставник, родителите, доколку е можно и самиот ученик и дефектологот или специјалниот учител – едукатор. Во некои случаи во планирањето се вклучени и други личности, како што се асистент на учителот, логопед, советници за однесување и училишните психолози. Училишниот персонал мора да води сметка дека целта на интервенцијата е давање помош на ученикот, така да училишната програма, колку тоа е возможно , да биде во еднаквост со таа програма за работа или терапија. Бидејќи потешкотиите на ученикот со аутизам се поврзани со промени, важно е да се настојува планирањето да се потпира на нивната меѓусебна комплементарност.
Некои потреби на учениците со аутизам  и помошта која им е потребна за задоволување на тие потреби понекогаш излегуваат од рамките на пропишаниост систем на образование. За целосна ефективност и постигнување на најдобри резултати кај учениците, во текот на сите активности, потребен е пристап на соработка за да на учениците им се даде целосна поддршка. Со цел планот на учениците и нивните семејства им обезбеди поддршка, некои училишни средини даваат препорака во соработка со локални агенции, да се изработат протоколи за заедничко делување. Таквите протоколи би се фокусирале на подрачја како што се размена на информации, начини на комуникација, место за состаноци и подрачја на одговорности. Секогаш кога постои протокол, таквите агенции кои се надворешни носители на услуги, на првокласен начин ќе се посветат на ученикот во училиште.



Содржина на индивидуалниот образовен план (ИОП)

Целта на напишаниот ИОП е насочување на делувањето на едукаторот и давање информации за облиците на промени, прилагодувања, стратегии и помош кои ќе се применат во функција на поддршка на ученикот. Ефективен ИОП содржи:   
    1.   Лични податоци и податоци за образованието, вклучувајќи и процени
    2.    Информации за јаките страни и потребите на ученикот
  3. Долгорочни и краткорочни цели и задачи
Долгорчните цели вклучуваат идната визија за ученикот како возрасна личност. Краткорочните цели и задачи можат да се однесуваат на редовниот план и програма на образование или можат да се утврдат како индивидуализирани цели организирани се во развојни подрачја како следниве:
Ø     Комуникација, вклучувајќи го и развојот на вештините на изразување преку говор и/или аугментативни системи, развој на перцептивниот говор и прагматичките вештини
Ø      Социјализација, развој на социјалните вештини
Ø Облици на однесување соодветни на различни контексти и ситуации
Ø Функционални вештини кои се однесуваат на самостојноста
Ø      Ниво на ученикот
      4. Краткорочните цели и задачи, вклучувајќи ги стручните вештини
    5. Помошни средства и стратегии кои ќе придонесат на остварување на целите и задачите
    6. Начинот на процена и вреднување на напредокот на ученикот
  7. Утврдување на обврските кои се однесуваат на спроведувањето на специфичните делови на планот, со ниво на поддршка и извршувачот на обврските
    8. Процесот на ревизија и евалуација на планот, најмалку еднаш годишно

Индивидуалниот образовен план (ИОП) е сеопфатен план, а неговата цел не е прикажување на дневните образовни активности на ученикот. Бидејќи ученикот и наставниците меѓусебно развиваат поблизок однос, а со тоа доаѓа до промени, разумно е да се очекува во текот на годината да се изврши ревизија на ИОП за да се пронајде ефективна програма за работа со ученикот. Флексибилноста при реализирање на ИОП во текот на учебната година е потребна за прилагодување на промените во однесувањето на ученикот или промените поврзани со неговите потреби.
При изработката на ИОП важно е да се планираат прилагодувањата поради образованието, одделенското опкружување и управување со одделението за да се задоволат потребите на сите ученици за да ученикот или ученичката се оспособат за нивно оптимално функционирање во одделението. Клучни подрачја во развојот на ученикот со аутизам се комуникацијата и социјалните вештини и како такви потребно е да бидат наведени во планот. 



Улоги и обврски

 Важно е делотворно планирање во врска со поддржување на ученикот со аутизам и неговото семејство. Потребите кои треба да се поддржуваат кај ученикот може да ги надминат овластувањата на образовниот систем. При планирањето ќе бидат важни следниве улоги:
Директори на училишта – должностите на директорите вклучуваат спроведување на образовните планови и програми за сите ученици во училиштата, одредување на персонал, распределба на средствата во училиштето и грижа за наставниците располагаат со потребните информации за работа  со учениците во одредено одделение или програма. При поддржувањето на ученик со посебни потреби, директорите можат да ја олеснуваат соработката на училишните тимови.
Одделенски наставници – се одговорни за воспитно – образовните планови и програми за сите ученици во нивните одделенија. Кога на ученикот со аутизам му е потребно  специјализирано програмирање и образование, одделенските наставници треба да соработуваат со достапното стручно лице за да утврдат постоење на темелно разработен план и координиран пристап.
Стручни наставници – на одделенските наставници и раководители поддршка им даваат наставници кои се посебно едуцирани за работа со ученици чии потреби се посебно сложени. Стручните наставници располагаат со посебни стручни знаења во врска со однесувањето и развојот на социјалните вештини. Во некои случаи стручните наставници можат да бидат и помошни наставници со посебно образование на подрачјето на однесување и комуникација. На некои ученици со аутизам помошниот наставник може да му пружи непосредно подучување, додека во останатите случаи советодавна поддршка на одделенскиот наставник или раководител кои во своето редовно одделение имаат ученик со аутизам  помош даваат стручните наставници.
Логопеди – логопедите располагаат со стручно знаење кое е потребно за процена на комуникативните потреби и изработка на програма за работа за подобрување на комуникацијата. Имајќи во предвид дека комуникативните потешкотии се специфичен проблем кај учениците со аутизам, логопедите имаат исклучително важна улога во заедничкото настојување да се утврдат целите и стратегиите на задоволување на потребите на секој ученик поединечно.
Родители -  Семејствата на учениците располагаат со знаење и искуство кое е скапоцено при изработката на ефективна програма за работа во училиштето. Тоа знаење е од исклучителна важност во поглед на основното прашање: Кои вештини треба да се развиваат кај моето дете за да се подобри неговиот сегашен и иден живот? Родителите пронаоѓаат начини на комуникација и контролирање на ученикот во домот, а тие начини можат да се искористат и во рамки на училиштето. Ученикот ужива во благодетите на единственото делување секогаш кога членовите на семејството и училиштето заеднички делуваат при што програмата за работа со ученикот ќе го направи ученикот компатибилен дома и во училиштето.
Асистенти на наставникот – во некои случаи за работа со ученици со аутизам во одделенијата се предвидени и асистенти на наставникот. Во Англија оваа група на образовни работници е претставена со бројни титули : асистенти на наставникот, парапрофесионални работници, асистенти на ученикот, детски асистенти или асистент – специјален едукатор. Од наставникот се очекува креирање на програма за работа за ученици со посебни образовни потреби. Меѓутоа, клучна улога во поголемиот дел од програмата за работа со ученици со аутизам имаат асистентите на наставникот кои извршуваат различни активности од лична грижа за ученикот до пружање помош во врска со образовната програма. Делувајќи со супервизија на наставникот или директорот, асистентите на наставникот често се вклучени во обликување на соодветни облици на однесување, развивање на животни вештини кои ја поттикнуваат самостојноста, овозможување на интеракција со други луѓе или поттикнување на комуникација.


Интегрирано водење на случај

Интегрираното водење на случај дава можности за координирано планирање и распределба на средства за помош на децата и нивните семејства. Тоа поттикнува пристап на соработка во однос на креирање и надгледување на планот со цел давање поддршка на ученикот. Една од важните предности на таквиот пристап е во можноста процесот да се продолжи и покрај веројатноста дека со тек на времето членовите од тимот да се променат, бидејќи на детето и неговото семејство секогаш се познати некои членови од тимот. Интегрираното водење на случај можно е да се осмисли така да јасно се истакне личната намера во пронаоѓањето на решение да бидат вклучени ученикот и членови од неговото семејство.
Планирањето и надгледувањето на интегрираното водење на случај можно е да се организира така што ќе се насочува на главните подрачја од животот на ученикот:

    Ø Здравје – стил на живот, исхрана и други здравствени потреби на ученикот
  Ø Образование – академско функционирање на темел на проценка
   Ø Карактеристики – јазик, култура и духовни аспекти од животот на младата личност
  Ø Семејство и друштвени односи – односи со членови на семејството, вклучувајќи го поширокото семејство и пријателите
  Ø Вештини за грижа сам за себе – функционални вештини и вештини за самостојност
  Ø Останати вештини – (стручни - особено за постари ученици, можност за вработување и кариера)





    Материјалот е преведен од Хрватскиот прирачник " Подучување на ученик со аутизам“ од Агенцијата за воспитување и образование - Хрватска, а фотографиите се превземени од интернет.