Monday, July 8, 2013

Вештини на наставникот за 21.век



Меѓународното здружение за технологија во образованието  ги објави стандардите на образовната технологија за наставници. Секако, стандардите се однесуваат на земјите од развиениот свет, но не е лошо накратко да се запознаеме со тие стандарди. Имено, овие стандарди ги вклучуваат вештините на наставникот за 21.век како што се: пронаоѓање и раководење со ресурси, објавување на интернет, поврзување со колегите и учениците,родителите (Facebook, Twitter…) како и со локалната , но и глобалната заедница. Наставниците би требало вешто да ги користат овие вештини како би биле добар модел за учениците  и како би им помогнале  на учениците да се вклучат во овој вид на учење. Овие вештини му овозможуваат на наставникот, но и на учениците активно да учествуваат во некои од веб базираните алатки кои можат активно да се користат во училниците (клучниот дел кој развиениот свет го одвојува од нас) и да се разменуваат автентични идеи со останатите. Следи дијаграм кој зборува за вештините кои би требало да ги задоволи еден наставник:


 Да, ова секако изгледа малку претерано, но за такви активности во суштина не е потребно многу време. Потребно е да се истражи кои вештини се неопходни за нашиот професионален живот и кои можеме да ги користиме во традиционалните, а кои во виртуелните училници. За среќа, повеќето од овие алатки се едноставни за употреба и можат да бидат совладани со малку или без никаква помош. Клучната работа е размислувањето за педагошките аспекти на употребата на веб алатките и нивното активно вклучување и користење во комуникација со учениците.
   Доколку ги поттикнеме учениците да ги користат овие алатки, можеме да им откриеме некои нови и возбудливи начини на учење , нови стилови на учење, демонстрација на наученото, промовирање на соработката, изградба на заедницата.


No comments:

Post a Comment