Wednesday, July 10, 2013

ЦИТАТИ И МУДРИ МИСЛИ !




Човекот станува најблизок со себе дури кога ќе постигне таква серизност, која детето ја има додека си игра .(Хераклит)


За да дочекате каков – таков успех на своите деца, понекогаш е потребно долго и трпеливо да живеете .(Радовиќ)

Лоши се оние родители кои ги забораваат гревовите на својата младост. (Балзак)

Идната судбина на детето секогаш е дело на мајката. (Наполеон)

Деца – тие се нашите утрешни судии. (Горки)

Децата се сидро кое мајката ја држат врзана за животот. (Софокле)

Детето е татко на човекот. (Вордсворт)

Душата се лечи кога сте меѓу деца. (Достоевски)

Грешат оние родители кои мислат дека нивното присуство на децата им е толку неопходно. (Гете)

Кога човекот ќе остари, внуците му се утеха за разочарувањата кои ги имал со своите деца. (Моријак)

Кој нема деца, не знае што е вистинска љубов. (Италијанска поговорка)

Колку малку детски сонови исполнува возрасниот човек. (Овидие)

Мајките  на нашиот дух му даваат топлина, а татковците светлина. (Бак)

Ние не ги сакаме нашите деца само затоа што се наши деца, туку поради љубовта која се создава додека ги растеме. (Маркез)

Мој совет е да немате деца , туку само внуци. (Видал)

Најдобрата работа што еден татко може да направи за своите деца , е да ја сака нивната мајка. (Мериме)

Воспитувањето е орање на земјата без претходно сеење. (Гварески)

Воспитувањето на децата е работа во која мораме да знаеме како да го трошиме времето за да не го изгубиме ( Жан Жак Русо)

Голем проблем на нашето време е во тоа што нашата младина ужива во неверојатно голема слобода: тие веќе немааат можност ни да бидат непослушни. (Кокто)

Зошто постојано си ја удараме главата прашувајќи се дали сме татковци на нашите деца, наместо да се запрашаме дали ние сме деца на нашите татковци (Штајнбек)

Зрно добро искуство во деветтата година вреди многу повеќе , отколку курс по морал во дваесеттата. (Тен)

Жените од нас создаваат поети, а децата – филозофи. (Честертон)



Ако детето живее со критицизам, тоa учи да осудува. . .

Ако детето живее со непријателство, тоa учи да се бори. . .
Ако детето живее со страв, тоa учи да бидe загриженo. . .
Ако детето живее со сожалување, тоa учи да чувствува жал за себе. . .
Ако детето живее со потсмевање, тоa учи да биде срамежливo.
Ако детето живее со љубомора, тоa учи да чувствувa завист. .
Ако детето живее со срам, тоa учи да се чувствуваа виновнo ...

НО

Ако детето живее со толеранција, тоa учи да биде трпеливo. . .
Ако детето живее со охрабрување, тоa учи да биде сигурнo во себе. . .
Ако детето живее со пофалби, тоa учи да биде благодарно. . .
Ако детето живее со прифаќање, тоa учи да се сака. .
Ако децата живеат со одобрување, тие учат да се сакаат себеси ..
Ако детето живее со искреност, тоa учи она што e вистина . . .
Ако детето живее со праведност, тоa дознава правда. . .
Ако децата живеат со признавање, тие учат да имаaт цел.
Ако децата живеат со споделување, тие ќe научат да бидат великодушни.
Ако детето живее со сигурност, учи да има верба во себе и во оние околу него...
Ако детето живее со стил, тоa дознава дека светот е убаво место за живеење .

Воспитувањетo инспирира вредности!


No comments:

Post a Comment