Sunday, July 7, 2013

ФИЛМСКИ АДАПТАЦИИ НА ЛЕКТИРНИ ДЕЛА ! ( 1 дел )


Во време кога љубовта кон книгата и читањето е заменета со компјутерските игри, виртуелната комуникација на социјалните мрежи, често не мачи прашањето како да се мотивираат учениците за читање на книги. Дури и ние возрасните понекогаш го имаме истиот проблем оправдувајќи се дека немаме време. 
      Сепак, модерното си носи и свои предности. Чести се случаите кога токму книгата е инспирација за адаптација на истата во филм.Голем број на филмски хитови се резултат на добра и квалитетна книга. Верувам, на многу од вас ви се случило токму некоја ваша омилена книга да ја изгледате во филмска верзија и притоа да дојдете до важниот заклучок - да , филмот е добар, но не може да ја замени книгата.Ниту звукот и сликата,познатите актери,специјалните ефекти никогаш во целост не можат да ја доловат вредноста на книгата. Но токму во овие моменти, доаѓате до основниот заклучок - уживате во споредбите на книгата и филмот, а секако најмногу во заклучокот дека задоволството било најголемо при читањето на книгата.
           Токму тие споредби, на прочитана книга и филмска адаптација на истата, се покажа корисно и кај учениците кога ги обработувавме лектирите оваа година. По обработката на лектирата, најчесто на часовите за додатна настава ја гледавме филмската адаптација. Сите ученици со големо внимание уживаа во гледањето на филмот, откривањето на моментите кои следат како резултат на прочитана лектира.По завршувањето на филмот , доста лесно и успешно ги откриваа моментите кои се присутни во лектирата , а ги нема во филмот или обратно.
           Резултат од ваквите часови секако беше желбата за следна лектира и секако да се изгледа адаптацијата на истата доколку постои. Ваквиот начин на обработка на лектира резултираше со многу мал процент на непрочитани лектири кај учениците или пак воопшто го немаше.
        Со оглед на тоа дека дел од филмските верзии носат поинаков работен наслов од лектирата , значи дека ако се држиме до оригиналниот наслов не секогаш ќе успееме да дојдеме до филмот. 
            Токму од тие причини во продолжение следат линкови од повеќе лектирни дела кои по малку барање на интернет ќе можете да ги пронајдете и изгледате со учениците. Верувајте ќе им се допадне !!!

 Пинокио (Pinocchio)

 Првата анимирана верзија од 1940 год.



 Игран филм од 2002 год.




Двојната Лота  (Parent trap 1961 год.)



Двојната Лота (Parent trap 1998 год.)





Бела грива (  Crin blanca - 1952 год.)
(White mane - англиски наслов)


 


Пајажината на Клементина ( Charlotte`s web )
(анимирана верзија од 1973 год.)

Играна верзија од 2006 год.



  
Таро од земјата на планините - Taro the dragon boy
(анимирана верзија од 1968 год.)






Пипи Долгиот чорап (Pippi Longstocking)
(анимирана верзија)



(играна верзија)


Мери Попинс ( Mary Poppins 1964 год.) 








No comments:

Post a Comment