Sunday, July 7, 2013

САМО УЧИТЕЛ !!!





Денес јас бев медицинска сестра која преврзуваше рана со завој на грижа
Лекар кој излекува мал скршен свет
Хирург кој спои едно пријателство заедно.

Денес јас бев алхемичар кој бараше злато во обичните метали
Научник кој одговори на безброј „зошто“
Филозоф кој длабоко размислуваше за мудри вистини.

Денес јас бев забавувач освежувајќи го вашиот ум со смеење
Рибар кој се лулаше заедно со својата јадица
Пилот кој леташе заедно со младите далеку од незнаењето.

Денес јас бев генерал кој се бореше против нетолеранцијата
Адвокат кој зборуваше во име на братството
Поротник кој донесуваше одлука правилна или неправилна.

Денес јас бев филантроп кој ја сподели моќта на минатото
Мајка која целосно ја дава својата љубов
Потчинет следбеник на вистината....

Моите толку различни професии.....
....Како сите сум можел да ги научам?! ....

Јас сум само УЧИТЕЛ !
(позајмено)


No comments:

Post a Comment