Friday, September 20, 2013

ЕДУКАТИВНИ МАТЕМАТИЧКИ ИГРИ ЗА ДЕЦА!!



Пиратски брод
(вежби множење)

 На почетокот го одбираш твојот пират (момче или девојче), потоа едно од бурињата со кој број ќе ја увежбуваш таблицата со множење/
Откако ќе започне нивото, твоја задача е да ги собереш сите сјајни предмети кои му требаат на твојот пират. Стрелките лево и десно од тастатурата се користат за движење и празно место (space) за скокање. При собирањето на предметите се појавуваат задачи со множење каде точниот производ го запишуваш со бројките од тастатурата. Нивото е завршено кога на крај ќе го закачиш пиратското знаме на јарболот.
    
( за да ја започнете играта , кликнете на насловот подолу )



 Продавница за риби 
(вежби множење)

Во играта на почеток се одбираат тежинските нивоа.Најдобро е прво да се одбере лесното ниво за полесно совладување на играта. Откако ќе одберетте една од овие опции, играта започнува. Во продавницата за риби влегуваат деца со задача со множење. Под аквариумите се нудат можни одговори, а задача е со мрежата да извадете риба од аквариумот под кој се крие точниот производ. Другарчето ќе ви се заблагодари, а по него доаѓаат други.Доколку одговорот е точен, другарчето си заминува со украсно рипче благодарение на твоето добро познавање на таблицата множење.



Изброј ги рибите
(собирање до 10)

    Во оваа игра е содржано броењето до 10. Со глувчето повлечи во мрежата толку риби колку што му се потребни на рибарот. Треба да се посвети внимание на бојата на потребните риби. Играта е составена од неколку нивоа.





БАЛОНИ
( собирање)


   Со започнување на играта постојано ќе се појавуваат балони со различни броеви. Твоја задача е со движење на глувчето да ја движиш раката со иглата и со неа да го боцнеш балонот со точниот резултат. Оваа игра е составена од пет нивоа,каде во секое ниво се бара поголема брзина на движење на глувчето, а  со самото тоа и побрзо откривање на точниот резултат. Првото ниво опфаќа собирање до 10, второто собирање до 20, а последното ниво собирање до 50.





ДРВЈА
(таблица множење)


  На почетокот се одбира дрво со број  од понудените 12 со кое сакаш да ја увежбуваш таблицата множење.Постои и едно дрво во кое можеш да вметнеш број по сопствен избор со кој би сакал да го вежбаш множењето. Откако ќе одбереш, играта започнува со тоа што на даденото множење во празниот простор со бројките од тастатурата го запишуваш точниот производ. Постои и опцијата провери (check) за да провериш дали одговорот е точен.




МАТЕМАТИКА И МОДА


    Оваа игра е супер за девојчиња. На почетокот на играта се одбира нивото кое сакаш да го играш. Пред тебе се девојчиња кои треба да се облечат и дотераат со помош на твоето познавање на таблицата на множење. Во нивоата освен облеката со точните производи се додаваат и други модни детали.





Стопирај го часовникот

  
   Едукативна игра која помага во учење на читање на времето на часовник изразено во часови, часови и минути и часови минути и секунди. Играта е составена од пет нивоа.
Правила на играта: потребно е да се спојат паровите со повлекување на даденото време на дигиталниот часовник во празниот простор над аналогниот часовник. По завршувањето се притиска на кругот ( Stop the clock)  за да го дознаеш времето што е потрошено за да се заврши задачата.








No comments:

Post a Comment