Tuesday, February 4, 2014

ПЛАНИРАЊЕ ПОМОШ ЗА УЧЕНИЦИ СО АУТИЗАМ


Изработка на индивидуален образовен и воспитен план

Планирањето на воспитно – образовната работа за ученици со аутизам е сложено, бидејќи тие ученици во голема мера се разликуваат од останатите ученици по начинот на учење, комуницирање и развојот на социјалните вештини, како и по нивното често проблематично однесување. Постојат големи разлики во начинот на влијание на тие карактеристики на поединечна личност.
Потребно е програмите да бидат индивидуализирани и втемелени на единствените потреби и способности на секој поединечен ученик. За планирањето исклучително важно е да се препознае на кој начин аутизмот влијае на способностите за процесирање на информациите и комуникацијата кај ученикот.
Воспитно – образовната програма за работа на ученикот може да вклучува и комбинација на воспитно – образовни активности на редовниот план и програма кои се темелат на специфични цели и задачи за секој одреден поединец , а кои се наведени во индивидуалниот образовен план ( ИОП).
Индивидуалниот образовен план (ИОП) се изработува во соработка на членовите на тимот кои се директно вклучени во работата со ученикот како што се одделенскиот наставник, родителите, доколку е можно и самиот ученик и дефектологот или специјалниот учител – едукатор. Во некои случаи во планирањето се вклучени и други личности, како што се асистент на учителот, логопед, советници за однесување и училишните психолози. Училишниот персонал мора да води сметка дека целта на интервенцијата е давање помош на ученикот, така да училишната програма, колку тоа е возможно , да биде во еднаквост со таа програма за работа или терапија. Бидејќи потешкотиите на ученикот со аутизам се поврзани со промени, важно е да се настојува планирањето да се потпира на нивната меѓусебна комплементарност.
Некои потреби на учениците со аутизам  и помошта која им е потребна за задоволување на тие потреби понекогаш излегуваат од рамките на пропишаниост систем на образование. За целосна ефективност и постигнување на најдобри резултати кај учениците, во текот на сите активности, потребен е пристап на соработка за да на учениците им се даде целосна поддршка. Со цел планот на учениците и нивните семејства им обезбеди поддршка, некои училишни средини даваат препорака во соработка со локални агенции, да се изработат протоколи за заедничко делување. Таквите протоколи би се фокусирале на подрачја како што се размена на информации, начини на комуникација, место за состаноци и подрачја на одговорности. Секогаш кога постои протокол, таквите агенции кои се надворешни носители на услуги, на првокласен начин ќе се посветат на ученикот во училиште.



Содржина на индивидуалниот образовен план (ИОП)

Целта на напишаниот ИОП е насочување на делувањето на едукаторот и давање информации за облиците на промени, прилагодувања, стратегии и помош кои ќе се применат во функција на поддршка на ученикот. Ефективен ИОП содржи:   
    1.   Лични податоци и податоци за образованието, вклучувајќи и процени
    2.    Информации за јаките страни и потребите на ученикот
  3. Долгорочни и краткорочни цели и задачи
Долгорчните цели вклучуваат идната визија за ученикот како возрасна личност. Краткорочните цели и задачи можат да се однесуваат на редовниот план и програма на образование или можат да се утврдат како индивидуализирани цели организирани се во развојни подрачја како следниве:
Ø     Комуникација, вклучувајќи го и развојот на вештините на изразување преку говор и/или аугментативни системи, развој на перцептивниот говор и прагматичките вештини
Ø      Социјализација, развој на социјалните вештини
Ø Облици на однесување соодветни на различни контексти и ситуации
Ø Функционални вештини кои се однесуваат на самостојноста
Ø      Ниво на ученикот
      4. Краткорочните цели и задачи, вклучувајќи ги стручните вештини
    5. Помошни средства и стратегии кои ќе придонесат на остварување на целите и задачите
    6. Начинот на процена и вреднување на напредокот на ученикот
  7. Утврдување на обврските кои се однесуваат на спроведувањето на специфичните делови на планот, со ниво на поддршка и извршувачот на обврските
    8. Процесот на ревизија и евалуација на планот, најмалку еднаш годишно

Индивидуалниот образовен план (ИОП) е сеопфатен план, а неговата цел не е прикажување на дневните образовни активности на ученикот. Бидејќи ученикот и наставниците меѓусебно развиваат поблизок однос, а со тоа доаѓа до промени, разумно е да се очекува во текот на годината да се изврши ревизија на ИОП за да се пронајде ефективна програма за работа со ученикот. Флексибилноста при реализирање на ИОП во текот на учебната година е потребна за прилагодување на промените во однесувањето на ученикот или промените поврзани со неговите потреби.
При изработката на ИОП важно е да се планираат прилагодувањата поради образованието, одделенското опкружување и управување со одделението за да се задоволат потребите на сите ученици за да ученикот или ученичката се оспособат за нивно оптимално функционирање во одделението. Клучни подрачја во развојот на ученикот со аутизам се комуникацијата и социјалните вештини и како такви потребно е да бидат наведени во планот. 



Улоги и обврски

 Важно е делотворно планирање во врска со поддржување на ученикот со аутизам и неговото семејство. Потребите кои треба да се поддржуваат кај ученикот може да ги надминат овластувањата на образовниот систем. При планирањето ќе бидат важни следниве улоги:
Директори на училишта – должностите на директорите вклучуваат спроведување на образовните планови и програми за сите ученици во училиштата, одредување на персонал, распределба на средствата во училиштето и грижа за наставниците располагаат со потребните информации за работа  со учениците во одредено одделение или програма. При поддржувањето на ученик со посебни потреби, директорите можат да ја олеснуваат соработката на училишните тимови.
Одделенски наставницисе одговорни за воспитно – образовните планови и програми за сите ученици во нивните одделенија. Кога на ученикот со аутизам му е потребно  специјализирано програмирање и образование, одделенските наставници треба да соработуваат со достапното стручно лице за да утврдат постоење на темелно разработен план и координиран пристап.
Стручни наставници – на одделенските наставници и раководители поддршка им даваат наставници кои се посебно едуцирани за работа со ученици чии потреби се посебно сложени. Стручните наставници располагаат со посебни стручни знаења во врска со однесувањето и развојот на социјалните вештини. Во некои случаи стручните наставници можат да бидат и помошни наставници со посебно образование на подрачјето на однесување и комуникација. На некои ученици со аутизам помошниот наставник може да му пружи непосредно подучување, додека во останатите случаи советодавна поддршка на одделенскиот наставник или раководител кои во своето редовно одделение имаат ученик со аутизам  помош даваат стручните наставници.
Логопедилогопедите располагаат со стручно знаење кое е потребно за процена на комуникативните потреби и изработка на програма за работа за подобрување на комуникацијата. Имајќи во предвид дека комуникативните потешкотии се специфичен проблем кај учениците со аутизам, логопедите имаат исклучително важна улога во заедничкото настојување да се утврдат целите и стратегиите на задоволување на потребите на секој ученик поединечно.
РодителиСемејствата на учениците располагаат со знаење и искуство кое е скапоцено при изработката на ефективна програма за работа во училиштето. Тоа знаење е од исклучителна важност во поглед на основното прашање: Кои вештини треба да се развиваат кај моето дете за да се подобри неговиот сегашен и иден живот? Родителите пронаоѓаат начини на комуникација и контролирање на ученикот во домот, а тие начини можат да се искористат и во рамки на училиштето. Ученикот ужива во благодетите на единственото делување секогаш кога членовите на семејството и училиштето заеднички делуваат при што програмата за работа со ученикот ќе го направи ученикот компатибилен дома и во училиштето.
Асистенти на наставникотво некои случаи за работа со ученици со аутизам во одделенијата се предвидени и асистенти на наставникот. Во Англија оваа група на образовни работници е претставена со бројни титули : асистенти на наставникот, парапрофесионални работници, асистенти на ученикот, детски асистенти или асистент – специјален едукатор. Од наставникот се очекува креирање на програма за работа за ученици со посебни образовни потреби. Меѓутоа, клучна улога во поголемиот дел од програмата за работа со ученици со аутизам имаат асистентите на наставникот кои извршуваат различни активности од лична грижа за ученикот до пружање помош во врска со образовната програма. Делувајќи со супервизија на наставникот или директорот, асистентите на наставникот често се вклучени во обликување на соодветни облици на однесување, развивање на животни вештини кои ја поттикнуваат самостојноста, овозможување на интеракција со други луѓе или поттикнување на комуникација.


Интегрирано водење на случај

Интегрираното водење на случај дава можности за координирано планирање и распределба на средства за помош на децата и нивните семејства. Тоа поттикнува пристап на соработка во однос на креирање и надгледување на планот со цел давање поддршка на ученикот. Една од важните предности на таквиот пристап е во можноста процесот да се продолжи и покрај веројатноста дека со тек на времето членовите од тимот да се променат, бидејќи на детето и неговото семејство секогаш се познати некои членови од тимот. Интегрираното водење на случај можно е да се осмисли така да јасно се истакне личната намера во пронаоѓањето на решение да бидат вклучени ученикот и членови од неговото семејство.
Планирањето и надгледувањето на интегрираното водење на случај можно е да се организира така што ќе се насочува на главните подрачја од животот на ученикот:

    Ø Здравје – стил на живот, исхрана и други здравствени потреби на ученикот
  Ø Образование – академско функционирање на темел на проценка
   Ø Карактеристики – јазик, култура и духовни аспекти од животот на младата личност
  Ø Семејство и друштвени односи – односи со членови на семејството, вклучувајќи го поширокото семејство и пријателите
  Ø Вештини за грижа сам за себе – функционални вештини и вештини за самостојност
  Ø Останати вештини – (стручни - особено за постари ученици, можност за вработување и кариера)





    Материјалот е преведен од Хрватскиот прирачник " Подучување на ученик со аутизам“ од Агенцијата за воспитување и образование - Хрватска, а фотографиите се превземени од интернет.



No comments:

Post a Comment