Thursday, May 1, 2014

УЧЕНИЦИ СО АСПЕРГЕРОВ СИНДРОМ




Аспергеровиот синдром содржи некои карактеристики на аутизмот. Овој синдром исто така содржи специфични обележја и различна развојна прогресија и прогноза.
Во Британска Колумбија, одобрувањето на додатни средства за учениците со медицинска дијагноза со аспергеров синдром се темелат на природата и степенот на потребните образовни интервенции. Тие ученици можат да се пријавуваат на Министерството во категории на висока распространетост како што се : „умерени нарушувања во однесувањето“, „сериозни потешкотии во учењето“, односно во некои случаи во категорија на „сериозно нарушување на однесувањето“ или во категорија на ниска распространетост.

Детето кое има дијагноза на Аспергеров синдром (АС) мора да ги задоволува критериумите кои се однесуваат на потешкотиите во социјалното функционирање, повторувачки активности и возраста во кое нарушувањето настапило, но кое располага со нормално сознавачко функционирање и раниот развој на говорот. Аспергеровиот синдром вклучува помалку симптоми отколку аутизмот, па со оглед на умерените потешкотии се смета за благо нарушување, додека аутизмот обично се прифаќа како сериозна потешкотија.


КАРАКТЕРИСТИКИ НА УЧЕЊЕ И ОДНЕСУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ СО АСПЕРГЕРОВ СИНДРОМ


Квалитатативните потешкотии на социјалната интеракција се карактеристиките на Аспергеровиот синдром. Лицата со АС можат да стапат во меѓусебни односи, но бидејќи не располагаат со потребните вештини, на други луѓе можат да им приоѓаат на невообичаени начини. Овие лица често не ги разбираат друштвените обичаи, па со самото тоа оставаат впечаток на друштвено неспретни лица. Имаат потешкотии со емпатијата и погрешното толкување на социјалните улоги. Со оглед на разбирањето, фактите како другите луѓе ги гледаат своите сопствени перцепции, мисли и чувства, нивните потешкотии често се исти како потешкотиите кај лицата со аутизам. Лицата со АС исто така се неуспешни во прилагодувањето на социјалното учење, па затоа е потребно експлицитно подучување на социјални вештини.
Говорот кај децата со АС е вообичаено течен во периодот на посета на детската градинка, но нивните проблеми најчесто се поврзани со сложеноста на јазикот, вклучувајќи :
  •   Прагматизам ( користење на јазикот во социјални контексти)
  •   Семантика (повеќекратни значења)
  •    Прозодија ( стил, нагласок и ритам на говорот)

Една од најчестите карактеристики на лицата со АС е потешкотија во учество во социјалните разговори.Бидејќи често располагаат со богат речник, способни се непрекинато да разговараат на омилена тема.Темата до некаде може да биде точно одредена, па лицето може да има потешкотии со промената на истата.
Лицата со АС можат да имаат проблеми во комуникацијата со други луѓе затоа што правилата за конверзација не ги учат на природен начин. Тие можат:
  •    Да го прекинуваат говорот на другите луѓе или да расправаат за нивниот говор
  •    Да наведуваат неважни коментари
  •    Имаат потешкотии со започнување и завршување на разговорот
  •     Се служат со говор кој го карактеризира недостаток на промена во начинот на изразување, нагласокот и ритамот
  •      Да употребуваат претерано педантен и формален говор, посебно во периодот на адолесценција
  •      Стојат премногу близу до соговорникот
  •     Да зјапаат, да се служат со необични положби на телото, или да користат друг необичен говор на телото
  •      Недоволно да ги толкуваат гестовите и изразите на лицето кај други луѓе



Учениците со АС се со просечна или надпросечна интелегенција па можат да остават впечаток на целосно способни лица. Повеќето ученици со АС се релативно стручни со оглед на нивното познавање на фактите, а можат да располагаат и со сеопфатни фактички информации од подрачјето кое ги привлекува. Сепак, покажуваат релативна слабост во разбирањето  и апстрактното мислење и во социјалното сознавање. Поради тоа доживуваат одредени образовни потешкотии посебно при:
    -         Разбирање на прочитаното
    -         Решавање на проблеми
    -         Вештини за организирање
    -         Развивање на концепт
Освен наведеното, често имаат потешкотии поврзано со когнитивната флексибилност, односно, нивното мислење го следи крутост или неуспех – без оглед на прилагодувањето на промената. Не се спремни да учат од своите грешки.
Учениците со АС често имаат проблеми и со координацијата. Се проценува дека 50 – 90 % од лицата со АС имаат проблеми со моторичката координација. Погодените подрачја можат да опфатат флексибилност, рамнотежа, спретност на рацете, ракопис, непредвидени движења, ритмичност на движењата и повторување на движењата.
Учениците со АС можат да делат заеднички карактеристики со лицата со аутизам во рамките на реакции на сензорни дразби.Можат да бидат хиперсензитивни на некои дразби , а со самото тоа да се впуштат во невообичаени облици на однесување или повторувачко однесување за да постигнат одредено сензорно дразнење.
Материјалот е преведен од Хрватскиот прирачник " Подучување на ученик со аутизам“ од Агенцијата за воспитување и образование - Хрватска, а фотографиите се превземени од интернет.


No comments:

Post a Comment